Мај 06

Водич: Безбедно на интернет (второ издание)

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]

Мај 06

Како до Политика за приватност? (второ издание)

Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права – приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства. [Преземи]

Мај 06

Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?

Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив. Continue reading

Апр 18

Најава: Предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис ќе одржи презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading

Јан 28

Обележан Европскиот ден на заштита на лични податоци

Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци го одбележаа Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, со настан кој се одржа во ЕУ инфо центарот. Continue reading

Сеп 29

Водич: Безбедно на интернет

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]