Јун 11

Повикот за заштита на приватноста предаден во Собрание

Реагирајќи на заканите по приватноста и демократијата содржани во предлог-законот за измени на Законот за електронски комуникации, на 11 јуни 2010 година 16 невладини организации кои од разни аспекти го помагаат развојот на Република Македонија упатија повик до Собранието на РМ за негово повлекување од собраниска процедура. Continue reading

Јун 08

Одржана тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“

На 04.06.2010 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа тркалезна маса на темата „Приватноста во Македонија“ организирана од Фондацијата Метаморфозис.   Continue reading

Јун 08

Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија

До     Претседател на Собранието на РМ
Претседател на Владата на РМ
Претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието
Сите пратеници во Собранието на РМ
Министерство за транспорт и врски на РМ

Почитувани,

Врз основа на експертската анализа на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста, како и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје бараме ваквиот предлог на закон да се повлече од собраниска процедура. Continue reading

Јун 04

Објавен нацрт-извештајот „Приватноста на интернет во Македонија за 2009 г.“

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни го објави нацрт-извештајот за приватноста на интернет во Македонија во 2009 година.

Continue reading

Мај 28

Фејсбук открива „поедноставени“ промени во опциите за приватност

Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека ќе понуди едно место за нагодување на сите поставки за приватност, како одговор на загриженоста на корисниците. Continue reading

Мај 26

Фејсбук под притисок поради непочитување на сопствените принципи за приватност

Неодамнешните промени во поставките за приватност на Фејсбук привлекоа голем број негативни коментари од редовните корисници, но и од органите за заштита на податоците и невладините организации. Continue reading

Мај 25

Став на Метаморфозис: Предложените законски измени се закана за приватноста

Фондацијата Метаморфозис смета дека измените на Законот за електронски комуникации предложени на 11 мај 2010 година ја загрозуваат приватноста и другите човекови права. Continue reading

Мај 25

Најава за настан: Тркалезна маса „Приватноста во Македонија“, 4 јуни

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни 2010 година (петок) ќе организира јавна тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“. Continue reading

Мај 14

Македонија: Предложен новиот закон за електронски комуникации

Измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации ќе му овозможат на Министерството за внатрешни работи да ја игра улогата на „Големиот брат“, беше оцената на опозицијата за време на дебатата околу овој предлог-закон која се одржа на 11 мај. Continue reading

Сеп 29

Водич: Безбедно на интернет

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]