Мај 06

Водич: Безбедно на интернет (второ издание)

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]

Мај 06

Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?

Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив. Continue reading

Мај 06

Ти одлучуваш… Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет (второ издание)

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да  се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места. [Преземи]

Мај 04

ЕУ: Нова стратегија за побезбеден интернет и подобри содржини на интернет за децата и тинејџерите

Европската комисија подготви план со кој на децата ќе им се обезбедат дигиталните вештини и алатки кои им се потребни за целосно и безбедно да ги користат придобивките од дигиталниот свет. Continue reading

Апр 18

Најава: Предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис ќе одржи презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading

Мар 09

Комуникациите преку интернет интензивно следени од германските разузнавачки служби

Врз основа на два извештаи на Германската парламентарна комисија за контрола (PKG), во 2009 и 2010 година Државниот завод за уставна заштита, Државната разузнавачка служба и Воената служба за контра-разузнавање следеле импресивен број е-пораки и други видови комуникации преку интернет. Continue reading

Фев 27

Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 25 февруари, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading

Фев 07

Ден на побезбеден интернет – „Откријте го дигиталниот свет заедно… безбедно!“

Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници, во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70 земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат тековните грижи. Continue reading

Јан 20

Младите луѓе сè повеќе ги споделуваат лозинките од своите онлајн профили

На 17 јануари, 2012 година, во Њујорк Тајмс осамна напис на Мат Ричтел наречен „Млади, заљубени, споделуваат сè, вклучувајќи и лозинки“. Continue reading

Дек 27

Одржано предавање за политики на приватност за студентите по е-бизнис на Универзитетот Американ колеџ Скопје

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на интернет, програмскиот координатор на Метаморфозис, г. Филип Стојановски на 23 декември, 2011 г. одржа предавање за политики на приватност за студентите на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Continue reading