Јул 05

Oдржанa презентација за политики за приватност за студенти и невработени

На 5 јули, со почеток во 12 часот, во просториите на Јес инкубаторот беше одржана презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 20-тина студенти и невработени лица. Continue reading

Мај 06

Како до Политика за приватност? (второ издание)

Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права – приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства. [Преземи]

Мар 30

Работилница за квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтвери и политики на приватност

Проектот за е-Влада и Министерството за информатичко општество (МИОА) ја организираа последната заедничка работилница наменета за лицата вработени во државните органи, кои се директно вклучени како проект координатори или имплементатори на проекти од областа на е-Влада. Темата на работилницата, која се одржа на 30 март 2011 година во Клубот на пратеници, беше „Квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтверски апликации“. Continue reading

Јун 18

Тркалезна маса: „Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување“

На 18 јуни, од 10 до 13 часот,  се одржа тркалезна маса за приватноста и медиумите, во организација на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци, на која учество зема и претставник од Метаморфозис. Continue reading