Авг 29

Обработка на личните податоци

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

Авг 29

Збирка на лични податоци

„Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа.

Авг 29

Контролор на збирка на лични податоци

„Контролор на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, државен орган или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци (во натамошниот текст: контролор). Кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Авг 29

Обработувач на збирка на лични податоци

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице или законски овластен државен орган кое ги обработува личните податоци за сметка на контролорот.

Авг 29

Согласност на субјектот на лични податоци

„Согласност на субјектот на лични податоци“ е слободно и изречно дадена изјава на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели.

Авг 29

Посебни категории на лични податоци

„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои го откриваат расното или етничко потекло, политичко, верско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци што се однесуваат на здравствената состојба или сексуалниот живот.

Авг 27

Спречување на користење на личните податоци

Секој граѓанин има право да бара од контролорот кој води збирки на лични податоци да престане да ги обработува личните податоци кои се однесуваат на него. Не постои строга форма што треба да содржи и како треба да изгледа барањето, но пожелно е да ги наведе овие податоци:  Continue reading

Мај 30

Македонија: Отворена меѓународната конференција „Модернизација на легислативата за заштита на личните податоци во Европа“

На 29 мај 2012 г. во Скопје беше отворена меѓународна конференција Модернизација на легислативата за заштита на личните податоци во Европа, организирана од Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (ДЗЛП) со поддршка од ЕУ во рамки на проект од ИПА 2008. Continue reading