Мај 31

Резултати од мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернетот и социјалните медиуми

Во текот на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија. Continue reading

Мај 06

Водич: Безбедно на интернет (второ издание)

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]

Фев 07

Ден на побезбеден интернет – „Откријте го дигиталниот свет заедно… безбедно!“

Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници, во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70 земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат тековните грижи. Continue reading

Јан 20

Младите луѓе сè повеќе ги споделуваат лозинките од своите онлајн профили

На 17 јануари, 2012 година, во Њујорк Тајмс осамна напис на Мат Ричтел наречен „Млади, заљубени, споделуваат сè, вклучувајќи и лозинки“. Continue reading

Окт 14

Отворен настан на тема „Образованието и интернетот“

На 12 октомври, 2011 год., во МКЦ Клуб ресторант се одржа отворен настан на тема „Образованието и интернетот“, во организација на Здружението на граѓани „Интернет Хотлајн Провајдер Македонија“. Ова предавање беше наменето за наставници и родители, а предавачи беа Виолета Ѓорѓиевска од Интернет Хотлајн Провајдер, Ирина Шумадиева од Фондација Метаморфозис, и Мишел Буш – ЕУ експерт за безбедност на децата на интернет, кој одржа сеопфатна презентација на оваа тема. Continue reading

Јун 14

Проекција на кратки едукативни филмови низ Македонија

Во текот на изминатите две недели, во неколку градови низ Македонија, се одржаа проекции на кратките едукативни филмови кои ги изработија Детскиот Театарски Центар и Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Continue reading

Фев 10

Настан по повод Европскиот ден на побезбеден интернет

8 февруари беше ден на побезбеден интернет кој годинава го обележаа 68 земји насекаде во светот, меѓу кои и Македонија. Метаморфозис, како и секоја година, и оваа, активно се вклучи во глобалната акција под мотото „Животот на интернет е повеќе од игра“, со организирање настан за деца. Continue reading

Јан 26

Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци

По повод Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе организираат презентација и јавна трибина на тема „Безбедна електронска комуникација: фикција или реалност“. Continue reading

Дек 24

Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на Интернет

Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“. Continue reading

Јун 28

Семинар на тема: „Безбедност и приватност на интернет“ во НОВА

Минатиот петок (25.06.2010) во рамките на проектот „Полесно до приватност на интернет“, во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија  20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето. Continue reading