Мај 25

Став на Метаморфозис: Предложените законски измени се закана за приватноста

Фондацијата Метаморфозис смета дека измените на Законот за електронски комуникации предложени на 11 мај 2010 година ја загрозуваат приватноста и другите човекови права. Continue reading

Мај 25

Најава за настан: Тркалезна маса „Приватноста во Македонија“, 4 јуни

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни 2010 година (петок) ќе организира јавна тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“. Continue reading

Мај 14

Македонија: Предложен новиот закон за електронски комуникации

Измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации ќе му овозможат на Министерството за внатрешни работи да ја игра улогата на „Големиот брат“, беше оцената на опозицијата за време на дебатата околу овој предлог-закон која се одржа на 11 мај. Continue reading

Дек 16

Награда на граѓанското општество за заштитата на податоците во Европа

AEDH (Европската асоцијација за заштита на човековите права) и EDRI (Европски дигитални права) ја востановија Наградата на граѓанското општество за заштита на податоците во Европа (ECSDPA). Continue reading

Сеп 29

Водич: Безбедно на интернет

Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист? [Преземи]

Фев 01

Ти одлучуваш… Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да  се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места. [Преземи]

Дек 03

Водич: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?

Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување, како базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество. [Преземи]

Јан 27

Водич: Приватноста како основно човеково право

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот – Член 25, Устав на Република Македонија“

Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права – приватноста, врз основа на кое на граѓаните имаат контрола врз протокот на информации за нив лично или нивните семејства. [Преземи]