Јун 23

Само две од друштвените мрежи имаат стандардна опција за заштита на приватноста на малолетничките профили

Само два веб-сајтови за друштвено вмрежување (Bebo и MySpace) испитани од Европската комисија имаат стандардно зададени поставки со кои профилите на малолетниците им се достапни само на пријателите од одобрениот список со контакти и само 4 веб-сајтови обезбедуваат дека со малолетниците можат да контактираат само нивните пријатели (Bebo, MySpace, Netlog и SchuelerVZ). Continue reading

Јун 06

Германија: Задржувањето податоци не е поврзано со намалувањето на стапката на криминал

Статистиките на Германската полиција покажуваат дека задржувањето на телекомуникациски податоци е непотребно. Continue reading

Мај 05

Фејсбук исклучува профили на групи со активисти

Фејсбук тукушто избриша околу 50 профили на групи со активисти и сметки на корисници од Обединетото Кралство, без какво било претходно известување до сопствениците на сметките. Continue reading

Апр 28

Дигитална агенда: децата користат друштвени мрежи на помала возраст, а голем број од нив не се свесни за основните ризици за приватноста

Според едно се-европско истражување спроведено за Европската комисија, 77 отсто од децата на возраст од 13 до 16 години и 38 отсто од децата на возраст од 9 до 12 години во ЕУ имаат профил на веб-сајт за социјално вмрежување. Continue reading

Апр 06

Педофилија на Фејсбук: додека децата садат дрвца на виртуелните фарми, ги демнат манијаци

Садењето дрвца на фармата, одгледувањето миленичиња во „Пет сосајeти“ и пиењето виртуелни пијалаци во „Јо вил“ навидум изгледаат како наивна забава за децата, но реалноста е малку поинаква. Continue reading

Ное 10

Гугл призна дека собирал лозинки и е-пораки преку СтритВју

Гугл се соочува со понатамошна истрага во Обединетото Кралство и Италија, откако јавно призна во еден блог напис на 22 октомври 2010г. дека со сервисот СтритВју биле собирани повеќе податоци отколку што било предвидено, „а во некои случаи биле собирани цели е-пораки, URL-адреси и лозинки“. Continue reading

Јун 24

Македонија: Парламентот усвои законски измени против приватноста

На 16.06.2010 г. Собранието на РМ ги усвои контроверзните измени на Законот за електронски комуникации за кои правните експерти и НВО кои се борат за човекови права предупредуваа дека ја нарушуваат приватноста на граѓаните.

На 16.06.2010 г. Собранието на РМ ги усвои контроверзните измени на Законот за електронски комуникации за кои правните експерти и НВО кои се борат за човекови права предупредуваа дека ја нарушуваат приватноста на граѓаните.

Измените беа донесени по брза постапка во процес при кој власта не обезбеди услови за аргументирана стручна јавна дебата во која би имале можност да земат учество сите заинтересирани страни. Претставници на власта исто така одбија да земат учество во дебатите покренати од граѓанскито сектор.

Врз основа на стручните анализи на предложените измени и заклучоците од тркалезната маса организирана од Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни, 16 НВО упатија повик за повлекување на проблематичните законски измени, кој беше предаден до сите пратеници и претставниците на извршната власт на 11 јуни. Во меѓувреме поддршка за иницијативата искажаа и над 400 индивидуални граѓани.

Владеачкото мнозинство се оглуши на повиците за подигање на квалитетот на предложените измени и под изговор дека безбедноста е најголем приоритет ги изгласа на 17 јуни 2010 година. Според Алфа ТВ, опозицијата најавила дека ќе го оспори овој закон пред Уставен суд.

Меѓу другото, стручњаците укажаа дека наспроти уставните одредби кои дозволуваат прислушкување само во посебни случаи со судски налог, со измените се наложува на телекомуникациските оператори да обезбедат постојан и директен пристап на полицијата до податоците за сообраќајот и геолоцирање на корисниците. При тоа, низата оставени нејаснотии овозможуваат заобиколување на воспоставените правни норми, оти со измените не се дефинираат точните должности и надлежности, механизмите за спречување и санирање злоупотреби. Сето ова е во директна спротивност и со меѓународните договори чиј потписник е Република Македонија, како и со релевантните директиви на ЕУ.

Паралелно со заедничкиот повик, со сопствени анализи се произнесоа невладините организации

Брза реакција на ова случување објави и еден од најпопуларните светски блогови, Боинг боинг, во пост од писателот и новинар Кори Доктороу, кој ја искоментира незаинтересираноста на парламентарците која се огледа од тоа што законот е усвоен 55 гласа „за“ и само 9 гласа „против“.

Читателите од странство преку коментари исто така укажаа дека со вакви закони Македонија нема никакви шанси да стекне углед како место кое е убаво за посета или погодно за инвестирање, особено во ИТ-индустријата.

На Твитер, дискусија на темава се одвива под хаштагот #privatnost.

Continue reading

Јун 18

Тркалезна маса: „Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување“

На 18 јуни, од 10 до 13 часот,  се одржа тркалезна маса за приватноста и медиумите, во организација на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци, на која учество зема и претставник од Метаморфозис. Continue reading

Јун 08

Одржана тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“

На 04.06.2010 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа тркалезна маса на темата „Приватноста во Македонија“ организирана од Фондацијата Метаморфозис.   Continue reading

Мај 28

Фејсбук открива „поедноставени“ промени во опциите за приватност

Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека ќе понуди едно место за нагодување на сите поставки за приватност, како одговор на загриженоста на корисниците. Continue reading