Авг 27

Пренос на лични податоци

Преносот на личните податоци во други држави може да се изврши само доколку другата држава обезбеди соодветен степен на заштита на лични податоци. Нивото на заштита на личните податоци обезбедено од страна на другата држава, Дирекцијата го оценува врз основа на: Continue reading

Авг 27

Работна група 29

Работната група за заштита на лица во однос на автоматската обработка на личните податоци е оформена врз основа на Членот 29 од Директивата 95/46/EC на Европскиот парламент и Советот од 24 Октомври 1995 година за заштита на лица во однос на автоматската обработка на личните податоци. Continue reading

Авг 27

Работни односи

Заштита на приватноста на работното место

Секој работник очекува да има приватност на работното место, дури и кога ги користи работните простории и опремата на работодавецот. Се разбира работењето за друг би значело и делумно откажување од својата приватност. На работодавецот му се потребни основните лични податоци на работникот заради плаќање на придонеси, осигурување итн. Работодавецот треба да се грижи за безбедноста на работниците и за ефикасното извршување на работните задачи. Continue reading

Авг 27

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Листа на информации од јавен карактер на Дирекцијата за заштита на личните податоци

  1. Организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци (Дирекцијата) -органограм;
  2. Закони што ја регулираат областа на заштита на личните податоци; Continue reading
Авг 27

Спречување на директен маркетинг

Контролорот кој води збирка на лични податоци, не смее да врши обработка на личните податоци, доколку граѓанинот не дал претходна писмена согласност за употреба на личните податоци за цели на директен маркетинг (член 13-а од Законот за заштита на личните податоци). Continue reading

Авг 27

Спречување на користење на личните податоци

Секој граѓанин има право да бара од контролорот кој води збирки на лични податоци да престане да ги обработува личните податоци кои се однесуваат на него. Не постои строга форма што треба да содржи и како треба да изгледа барањето, но пожелно е да ги наведе овие податоци:  Continue reading

Авг 27

Увид во збирките на лични податоци

Граѓанинот има право да знае кои лични податоци се собираат, обработуваат и чуваат за него било во хартиена или електронска форма. За таа цел тој може да оствари увид во збирката на лични податоци кај контролорот кој врши обработка на неговите лични податоци (член 12 од Законот за заштита на личните податоци). На пример право на увид во: медицинското досие во здравствената установа каде што се лекувате, досието на работникот во правното лице каде работи, кредитно досие во финансиската институција каде сте корисник на кредит, досието на корисник на телефонски услуги кај телефонскиот оператор чии услуги ги користите итн.). Continue reading