Авг 27

Видео надзор

Видео надзорот и следењето преку монитори е во постојан пораст и во Македонија.

Податоците кои се собираат при видео надзорот, најчесто се слики, кои се однесуваат на идентификувано лице или на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, со цел да се следи неговото однесување. Како што се шири следењето на луѓето преку видео надзор така се намалува слободата на движење и однесување на луѓето и нивната приватност. Посебно треба да се внимава на видео надзорот на работните места. Continue reading

Авг 27

За граѓаните

За да остварите одредени права секојдневно давате лични податоци на разни организации, фирми, поединци. На пример, бројот на кредитната картичка кога купувате, податоци за здравствената состојба на осигурителните компании, при пополнување на разни формулари за добивање на кредит, попусти во маркети или продавници, за добивање на членски карти во библиотеки, видеоклубови; податоци за учество во наградни игри и патувања итн. Continue reading

Авг 27

За контролорите

Контролор на лични податоци е правно или физичко лице, државен орган или друго тело кое води збирка на лични податоци, односно кое самостојно или со други ги утврдува целите и начинот на обработката на личните податоци (член 2 став 1 точка 5 од Законот за заштита на лични податоци).Кога целите и начинот на обработката се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување. Continue reading

Авг 27

Здравство

Увид во медицинското досие

Пациентот може со писмено барање до здравствената организација да оствари увид во медицинско досие што за него се води. Во барањето треба да ги наведе личните податоци кои ги бара. Медицински податоци се лични податоци кои се однесуваат на здравјето на поединец, вклучувајќи ги и генетските податоци. Генетски податоци, пак се податоци кои се однесуваат на наследните карактеристики на поединецот. Continue reading

Авг 27

Cookies – Колачиња

На повеќето веб страни се прибираат лични податоци, на пример: име и презиме, возраст, адреса, број на телефон, па дури и прашања од приватниот живот. Понекогаш пристапот на веб страниците се условува со наведување на лични податоци. Continue reading

Авг 27

Како да си ја заштитам приватноста

  1. Кога посетуваш некоја веб страна не откривај ги своите лични податоци како на пример:
  • е-mail адресата;
  • податоците за приватниот живот;
  • контакт информации;
  • лозинката и ПИН бројот. Continue reading
Авг 27

Поднесување тужба за надомест на штета до надлежен суд

Имате право да поднесете тужба до надлежен суд за надомест на штета во судска постапка против контролорот на збирка на лични податоци, доколку неовластено ги користел, односно ги давал на користење личните податоци или на било каков друг начин ги злоупотребил Вашите лични податоци. Continue reading