Фев 10

Настан по повод Европскиот ден на побезбеден интернет

8 февруари беше ден на побезбеден интернет кој годинава го обележаа 68 земји насекаде во светот, меѓу кои и Македонија. Метаморфозис, како и секоја година, и оваа, активно се вклучи во глобалната акција под мотото „Животот на интернет е повеќе од игра“, со организирање настан за деца. Continue reading

Јан 28

Обележан Европскиот ден на заштита на лични податоци

Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци го одбележаа Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, со настан кој се одржа во ЕУ инфо центарот. Continue reading

Јан 26

Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци

По повод Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе организираат презентација и јавна трибина на тема „Безбедна електронска комуникација: фикција или реалност“. Continue reading

Дек 24

Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на Интернет

Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“. Continue reading

Ное 10

Гугл призна дека собирал лозинки и е-пораки преку СтритВју

Гугл се соочува со понатамошна истрага во Обединетото Кралство и Италија, откако јавно призна во еден блог напис на 22 октомври 2010г. дека со сервисот СтритВју биле собирани повеќе податоци отколку што било предвидено, „а во некои случаи биле собирани цели е-пораки, URL-адреси и лозинки“. Continue reading

Окт 13

Предавање на тема приватност на Институтот за информатика

На 13 октомври 2010 година тимот на Метаморфозис одржа предавање на тема приватноста во Македонија за студентите на Институтот по информатика во Скопје. Continue reading

Јун 28

Семинар на тема: „Безбедност и приватност на интернет“ во НОВА

Минатиот петок (25.06.2010) во рамките на проектот „Полесно до приватност на интернет“, во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија  20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето. Continue reading

Јун 11

Повикот за заштита на приватноста предаден во Собрание

Реагирајќи на заканите по приватноста и демократијата содржани во предлог-законот за измени на Законот за електронски комуникации, на 11 јуни 2010 година 16 невладини организации кои од разни аспекти го помагаат развојот на Република Македонија упатија повик до Собранието на РМ за негово повлекување од собраниска процедура. Continue reading

Јун 08

Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија

До     Претседател на Собранието на РМ
Претседател на Владата на РМ
Претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието
Сите пратеници во Собранието на РМ
Министерство за транспорт и врски на РМ

Почитувани,

Врз основа на експертската анализа на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста, како и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје бараме ваквиот предлог на закон да се повлече од собраниска процедура. Continue reading

Јун 04

Објавен нацрт-извештајот „Приватноста на интернет во Македонија за 2009 г.“

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни го објави нацрт-извештајот за приватноста на интернет во Македонија во 2009 година.

Continue reading