Фев 07

Ден на побезбеден интернет – „Откријте го дигиталниот свет заедно… безбедно!“

Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници, во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70 земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат тековните грижи. Continue reading

Дек 27

Одржано предавање за политики на приватност за студентите по е-бизнис на Универзитетот Американ колеџ Скопје

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на интернет, програмскиот координатор на Метаморфозис, г. Филип Стојановски на 23 декември, 2011 г. одржа предавање за политики на приватност за студентите на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Continue reading

Окт 14

Отворен настан на тема „Образованието и интернетот“

На 12 октомври, 2011 год., во МКЦ Клуб ресторант се одржа отворен настан на тема „Образованието и интернетот“, во организација на Здружението на граѓани „Интернет Хотлајн Провајдер Македонија“. Ова предавање беше наменето за наставници и родители, а предавачи беа Виолета Ѓорѓиевска од Интернет Хотлајн Провајдер, Ирина Шумадиева од Фондација Метаморфозис, и Мишел Буш – ЕУ експерт за безбедност на децата на интернет, кој одржа сеопфатна презентација на оваа тема. Continue reading

Јул 15

Македонија: Расте бројот на е-продавници со политики за приватност

Периодичниот мониторинг на присутност на политики за приватност кај е-продавниците спроведен од тимот на Метаморфозис укажува на растечки тренд. Со порастот на бројот на е-продавници, расте и процентот на политики на приватност во овој сектор. Во јули 2011 година, 77% од активните е-продавници имаат објавено политики за приватност. Continue reading

Јун 14

Проекција на кратки едукативни филмови низ Македонија

Во текот на изминатите две недели, во неколку градови низ Македонија, се одржаа проекции на кратките едукативни филмови кои ги изработија Детскиот Театарски Центар и Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Continue reading

Апр 01

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ на Координативната средба за е-трговија

На 1 април 2011 г. во Клубот на државни служби во Скопје беше одржана промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ во рамките на Координативната средба за е-трговија, пред за претставници на е-продавници, процесори на наплати, банки и други чинители од областа на е-трговија. Continue reading

Мар 30

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ пред претставници на државните институции

На 30 март 2011 г. во Клубот на државни органи во Скопје беше одржана промоција на Водичот за ИКТ на Метаморфозис бр. 6, „Како до политика за приватност?“ изработен во соработка со Дирекцијата за лични податоци во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет. Continue reading

Мар 30

Работилница за квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтвери и политики на приватност

Проектот за е-Влада и Министерството за информатичко општество (МИОА) ја организираа последната заедничка работилница наменета за лицата вработени во државните органи, кои се директно вклучени како проект координатори или имплементатори на проекти од областа на е-Влада. Темата на работилницата, која се одржа на 30 март 2011 година во Клубот на пратеници, беше „Квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтверски апликации“. Continue reading

Мар 30

Работилница за квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтвери и политики на приватност

Проектот за е-Влада и Министерството за информатичко општество (МИОА) ја организираа последната заедничка работилница наменета за лицата вработени во државните органи, кои се директно вклучени како проект координатори или имплементатори на проекти од областа на е-Влада. Темата на работилницата, која се одржа на 30 март 2011 година во Клубот на пратеници, беше „Квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтверски апликации“. Continue reading

Мар 06

Одржани две предавања за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, во текот на есента 2011 тимот на Метаморфозис  одржа две презентации во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading