Мар 10

Користење на TOR

TOR е софтверска алатка наменета за зголемување на приватноста и безбедноста на вашите активности на интернет. TOR browser го заштитува вашиот идентитет и вашите пребарувања од различни форми на интернет надзор. Тој е исто така корисен кога се употребува со цел заобиколување на електронски ограничувања.

TOR ја штити вашата анонимност на тој начин што вашите комуникации ги префрла низ дистрибуирана мрежа на релеи на која работат волонтери од целиот свет. TOR browser ги сокрива страниците кои ги посетувате и со тоа ве штити од потенцијални набљудувачи, а исто така ја крие и вашата географска локација.

За да дознаете подетално на кој начин функционира TOR и како да го преземете и користете погледнете го следното видео:

Јул 05

Oдржанa презентација за политики за приватност за студенти и невработени

На 5 јули, со почеток во 12 часот, во просториите на Јес инкубаторот беше одржана презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 20-тина студенти и невработени лица. Continue reading

Мај 31

Резултати од мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернетот и социјалните медиуми

Во текот на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија. Continue reading

Мај 25

Заврши конференцијата за слобода и приватност на интернет

Меѓународната конференција „Слобода и приватност на Интернет“, организирана од Фондацијата Метаморфозис и Институтот за мир и човекови права од Каен, Франција, заврши на 22 мај, 2012 година, со дебата за социјалните медиуми како слободна територија за активизам. Continue reading

Мај 18

Конференција: Безбедноста и приватноста во дигиталниот свет

За време на меѓународната конференција на тема „Слобода и приватност на интернет“, која ќе се одржи на 21 – 22 мај, во Сити Хол, Скопје, посетителите, освен што ќе имаат прилика да ги проследат презентациите на околу 35 говорници, тие ќе имаат шанса да се вклучат и во отворените работилници на 4 теми, каде ќе може да се информираат и да добијат совети за: Continue reading

Мај 08

Македонија: Конференција за слобода и приватност на интернет

На 21 и 22 мај, фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен организираат меѓународна конференција на тема Слобода и приватност на интернет. Настанот е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан, а ќе се одржи во салата City Hall во Скопје. Continue reading

Апр 24

Македонија: Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading

Апр 18

Најава: Предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис ќе одржи презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading

Мар 02

Македонија: Сè повеќе е-продавници со политики за приватност

Најновиот мониторинг на присутност на политики за приватност кај е-продавниците, спроведен во месец февруари 2012 од тимот на Метаморфозис, укажува на пораст на бројот на е-продавници, како и зголемен процент на политики на приватност во овој сектор. Continue reading

Фев 27

Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 25 февруари, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Continue reading