Авг 29

Личен податок

„Личен податоке секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на единствен матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повее обележја специфични за неговиот физички, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Авг 29

Обработка на личните податоци

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

Авг 29

Збирка на лични податоци

„Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа.

Авг 29

Контролор на збирка на лични податоци

„Контролор на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, државен орган или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци (во натамошниот текст: контролор). Кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Авг 29

Обработувач на збирка на лични податоци

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице или законски овластен државен орган кое ги обработува личните податоци за сметка на контролорот.

Авг 29

Трето лице

„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, државен орган или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач на збирка на лични податоци или лице кое под директно овластување на контролорот или обработувачот на збирка на лични податоци е овластено да ги обработува податоците.

Авг 29

Корисник

„Корисник“ е физичко или правно лице, државен орган или друго тело на кое му се откриваат податоците, заради извршување на редовни работи во согласност со закон. Органите на кои можат да им се откриваат податоците во рамките на посебна истрага, не се сметаат за корисници во смисла на овој закон.

Авг 29

Согласност на субјектот на лични податоци

„Согласност на субјектот на лични податоци“ е слободно и изречно дадена изјава на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели.