Користење на TOR

TOR е софтверска алатка наменета за зголемување на приватноста и безбедноста на вашите активности на интернет. TOR browser го заштитува вашиот идентитет и вашите пребарувања од различни форми на интернет надзор. Тој е исто така корисен кога се употребува со цел заобиколување на електронски ограничувања.

TOR ја штити вашата анонимност на тој начин што вашите комуникации ги префрла низ дистрибуирана мрежа на релеи на која работат волонтери од целиот свет. TOR browser ги сокрива страниците кои ги посетувате и со тоа ве штити од потенцијални набљудувачи, а исто така ја крие и вашата географска локација.

За да дознаете подетално на кој начин функционира TOR и како да го преземете и користете погледнете го следното видео:

Comments are closed.