Декларација за активноститe и конференциите на ITU (International Telecommunications Union)

Интернационалната Телекомуникациска Заедница (ITU) ќе го прослави својот 147 роденден наредната година. Низ сите овие години оваа меѓувладина организација го менуваше својот фокус од телеграфот преку радиото, до телекомуникациите.

Во својата потрага по проширување на своите активности, ИТЗ почна да бара начини зголемување на своите следачки и надзорни способности за воспоставување интернационална контрола над интернетот. Оваа потрага за проширување на своите активности ќе го достигне својот врв на неколку настани кои ќе се случат во наредниве неколку години (WCIT, WTSA, WTPF и PP-14.).

1

WCIT (Светската конференција за интернационални телекомуникации) не е ниту првата ниту последната конференција која се занимава со проблемите на интернетот. После оваа конференција ќе следи (Светскиот телекомуникациски форум за приватност) во 2013 година и PP-14 (Овластениот состанок на ИТЗ) во 2014 година.

Естонскиот претседател Томас Илвес забележа дека – „Исходот од Светската конференција за интернационални телекомуникации и сличните процеси, ќе помогне да се определи типологијата на интернетот за наредните две декади… Повеќе злокобно ќе се соочиме со ограничување на слободното изразување на интернет какво што го знаеме денес.“

Гослодинот Илвес кога говори за „сличните процеси“ мисли на повеќе мали, често владини, состаноци во Женева, наречени „работилници“.

Интернет корисниците или граѓаните сакаат да знаат што се дискутира на овие состаноци, но ќе мора да се соочат со реалноста – нема јавен пристап до овие документи. До нив се пристапува само со лозинка, доделена само на владите или на организациите кои плаќаат големи суми на пари за членство во ИТЗ. Дури и тоа не значи дека организациите можат да го имаат истиот пристап, како и владите. Баш напротив, владите го имаат целосниот пристап до овие документи.  Интернационалната Телекомуникациска Заедница во принцип на својата агенда за дискутирање ги прифаќа документите од владите, додека документите од членовите на организациите се само информативни.

Она што остана незабележано од страна на медиумите и на јавноста е всушност она што се случува на овие состаноци. Еден интересен пример – во 2009 година една од групите во ИТЗ сериозно дискутираше за создавање на нов, алтернативен интернет, кои би се направил од страна на владите и би бил обезбеден од нив, во кој ќе нема спамови или уште помалку, или скоро воопшто ќе нема слобода.

conference-391x307

Организациите кои ја потпишаа оваа декларација, се сериозно загрижени за квантитетот и квалитетот на сугестиите за измени на меѓународните телекомуникациски регулативи кои ќе бидат дискутирани на Светската конференција за интернационални телекомуникации, како и за другите предлози кои веќе се дискутирани на некои слични настани и се предложени да се разгледаат од страна на владите, без учество на граѓанскиот сектор, бизнис секторот, академскиот сектор и граѓаните.

Во отсуство на транспарентност, сметаме дека е важно да се посочи следното:

– Целта е слободен и отворен интернет, базиран на слободни и отворени стандарди

– Интернетот, како мрежа од мрежи, раководена од правила и стандарди, се развива откако е создадена

– Начинот на кој работи интернетот е резултат на постепена еволуција

– Постоечкиот модел за развој на интернетот е отворен за промени, ажурирање и дозволува широко учество.

– Се докажа дека Форумот за владеење со интернетот (IGF – The Internet Governance Forum) е успешна платформа за соработка помеѓу политичарите, корисниците, бизнисите, академскиот сектор и граѓаните.

Употребата на интернет на светско ниво се зголемува секој ден, брзините стануваат се поголеми, а цените се помали. Истовремено, најголемата опасност за интернетот не доаѓа од спам пораките, недостатокот на безбедност, компјутерските вируси или од злонамерните софтвери. Најголемата опасност доаѓа од владите (сите влади, без разлика на нивото на демократски развој), кои се обидуваат да го контролираат во целина, да го ограничуваат протокот на слободни информации или пак пристапот до интернетот, употребувајќи низа алатки како закони, регулативи, софтвери, се со цел да го стават под своја контрола интернетот.

Организациите потписници на оваа декларација се спремни да дадат детален инпут за разните релевантни фактори кои се во игра во рамките на ITU и на тој начин да овозможат националните влади и регионалните организации, да создадат свои позиции, базирани на консултации со нивните граѓани, кои ќе бидат силни во одбрана на слободниот интернет, кој досега толку многу придонесе за големи општествени и економски вредности.

Се повикуваат сите заинтересирани страни за обрнат внимание за мислењата на корисниците на интернет и на јавноста во целина, на бизнис и академската сфера, и кога дискутираат за измените интернационалните телекомуникациски регулативи, да не заборават дека интернетот е деликатен баланс на идеи, интереси, правила и стандарди, кои константно се приспособуваат на менувачката средина. Многу е лесно да се предизвика штета додека се обидувате да поправите нешто, па токму затоа потписничките организации ургираат до владите и до ITU, да се обидат да ја надминат својата желба за повеќе контрола и наместо тоа да размислат за повеќе споделување.

Со отворањето на вратите на ITU за општата публика, оваа стара организација ќе покаже дека повеќе преферира да се модернизира самата, отколку да го повлече светот и модерните технологии назад во времето на Минителот.

Декларацијата е потпишана од:

Internet Society – Ерменија

Internet Society – Бугарија

Метаморфозис – Македонија

Internet Society – Њујорк (САД)

Internet Society – Словенија

Internet Society – Вашингтон (САД)

Comments are closed.