Декларација за слобода на интернетот

ПРЕАМБУЛА

DECLARATION_of_INTERNET_FREEDOM_thumbВеруваме дека слободниот и отворен интернет може да придонесе за подобар свет. За да го зачуваме интернетот слободен и отворен, ги повикуваме заедниците, индустриите и државите да ги потврдат овие начела. Убедени сме дека тие ќе придонесат за повеќе креативност, повеќе иновации и поотворени општества.

Се придружуваме на меѓународното движење за одбрана на нашите слободи затоа што веруваме дека вреди да се бориме за нив.

Да разговараме за начелата – да се согласиме или да не се согласиме со нив, да расправаме за нив, да ги преведеме, да ги усвоиме и да ја прошириме дискусијата во нашите заедници – на начин кој е можен само на интернет.

Придружете ни се во заложбите да го зачуваме интернетот слободен и отворен.

[Интеракција на Reddit, Techdirt, Cheezburger, Github, KeeptheWebOpen и Rhizome]

ДЕКЛАРАЦИЈА

Ние се залагаме за слободeн и отворен интернет.

Ги поддржуваме транспарентните и партиципативни процеси за креирање на политиките за интернет и за воспоставување на пет основни начела:

Изразување: Не цензурирајте го интернетот.

Пристап: Промоција на универзален пристап до брзи и ефтини мрежи.

Отвореност: Да го зачуваме интернетот како отворена мрежа каде сите слободно можат да се поврзуваат, комуницираат, пишуваат, читаат, гледаат, говорат, слушаат, учат, создаваат и иновираат.

Иновација: Заштита на слободата за иновација и креирање без да се бара дозвола. Не блокирајте ги новите технологии и не казнувајте ги иноваторите за делата на нивните корисници.

Приватност: Штитете ја приватноста и бранете ја сечија способност да контролира на кој начин се користат нивните податоци и уреди.

Comments are closed.