Oдржанa презентација за политики за приватност за студенти и невработени

На 5 јули, со почеток во 12 часот, во просториите на Јес инкубаторот беше одржана презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 20-тина студенти и невработени лица.

Претставник од Метаморфозис беше гостин на обуката организирана од „Ексквизит“, која е трета од серијалот обуки кои тие ги одржуваат во соработка со Амбасадата на Кралството Норвешка, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух кај младите.

Презентацијата претставуваше детален „чекор по чекор“ водич за пишување политика за приватност, базирана на услугите кои би ги нудел веб-сајтот, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија.

m_250x250Учесниците добија примероци од водичот „Како до политика за приватност?“, постер, кој ја содржи заложбата за заштита на приватноста, како и водич „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?

Учесниците воедно беа стимулирани, доколку воспостават своја е-продавница, да покажат дека водат грижа за заштитата на личните податоци на нивните корисници, поставувајќи го беџот „Респект за приватност!“.

Презентацијата претставува продолжување на иницијативата на Метаморфозис за подигнување на знаењата и свеста за потребите од воспоставување соодветни политики за приватност на веб-сајтовите, што перспективно би довело и до зголемување на нивниот број.

Comments are closed.