Броjот на демонстранти против ACTA ги надминува очекувањата

По сите најави за смртта на ACTA, се поставува прашањето зошто некој денес би чувствувал потреба да се појавува на демонстрациите против ACTA.

Во април, европскиот парламентарец задолжен за досието ACTA рече дека ACTA е мртва. [1] Во мај, европскиот комесар за информатичко општество, Нели Крос, изјави дека ACTA е мртва. [2] Сега, во јуни, четири различни комитети на Европскиот парламент ја отфрлија ACTA. [3] Тогаш, зошто воопшто некој би учествувал на демонстрациите?

Со сето ова уверување дека ACTA повеќе не е опасност, денешните протести не беа толку големи како оние кои избија во Европа во февруари. Неверојатно, но и покрај многубројните извештаи дека ACTA е мртва, илјадници претежно млади граѓани од Ирска до Грција, од Латвија до Португалија излегоа на улиците за да го заштитат дигиталното наследство создадено од оваа генерација, за истото да може да се пренесе – неоштетено и бесплатно – на идните генерации. Тие излегоа на улиците за да го изразат својот револт против овој меѓународен договор кој има за цел да го цементира нашиот расипан систем за авторски права во еден меѓународен договор.

Сега останува на Европскиот парламент да го слуша гласот на народот. Европскиот парламент треба да ги брани нашата слобода на говор и нашата приватност. Европскиот парламент треба да ја покаже својата вредност како единствена демократски избрана европска институција.

[1] http://www.telegraph.co.uk/technology/news/9203093/ACTA-treaty-dead-in…

[2] http://blogs.wsj.com/tech-europe/2012/05/04/kroes-throws-in-towel-on-a…

[3] http://www.europarl.europa.eu/news/en/pressroom/content/20120529IPR459…

Извор: ЕДРИ-грам „Numbers at ACTA demonstrations exceed expectations“ 9 јуни, 2012.

Comments are closed.