Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?

Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив.

Иако водичот, пред сè, ќе им помогне на корисниците на Фејсбук да ги согледаат начините на кои се споделуваат нивните информации и соодветно да ги приспособат опциите според нивните преференции, сепак, тој не ги исклучува ниту оние кои се скептични кон користењето на социјалните мрежи. Дали некој ќе биде корисник на една социјална мрежа е лично право и избор, но изборот се прави заради сопствени убедувања, кои пак треба да се темелат на информираност. Овој водич го овозможува токму тоа. [Преземи]

Comments are closed.