Македонија: Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

Презентацијата опфати запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI)  „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“. Беше истакнат и забележаниот пораст на бројот на е-продавници, како и зголемениот процент на политики на приватност во овој сектор.

Презентацијата се одржа во просториите на Јес инкубаторот во нас. Аеродром во Скопје, а на неа присуствуваа 10 учесници. Две презентации од овој тип веќе беа одржани во мај и јули 2011 г., две презентации се одржаа во септември и декември, 2011г. истата година и една презентација во февруари 2012. На истите учествуваа вкупно 67 учесници.

Comments are closed.