Германскиот Уставен суд донесе одлука за пристапот до личните податоци

Според одлуката на германскиот уставен суд од 24 февруари 2012 година, органите на прогонот повеќе не смеат да бараат лични податоци освен ако тоа е оправдано со посебни услови.

Судот утврди дека со одредени одредби во тековниот Државен закон за телекомуникации околу откривањето телекомуникациски податоци на корисниците пред полициските агенции, се прекршувал германскиот устав и донесе одлука дека барањата за лични податоци од страна на полициските агенции биле „несразмерни“, а со тоа го прекршувале уставното право на информациско самоопределување.

На пример, вообичаената практика со која се утврдува сопственикот на ИП-адреси согласно Законот за телекомуникации, претставува повреда на тајноста на телекомуникациите.

Затоа, мора да важат строги услови кога полициските и разузнавачките агенции бараат од давателите на телекомуникациски услуги (во кои може да спаѓаат и болници и хотели) да предадат одредени податоци за корисникот, како што се лозинки и ПИН-кодови.

Одлуката е резултат на еден случај првично изнесен пред суд во 2005 г. од активисти за заштита на приватноста на податоците. „Голем успех е што судот забрани прекумерна идентификација на интернет-корисниците од страна на државата и што ја штити анонимноста на нашето користење на интернетот“, изјави Патрик Брејер, еден од жалителите.

Поборниците и организациите за приватност ја поздравија одлуката на судот. Со пресудата се разјаснува дека пристапот до телекомуникациски податоци е дозволен само ако се одржува тајноста на телекомуникациите, а законодавната власт допрва треба да заврши многу работа. Тука спаѓа обезбедувањето на информации од динамички ИП-адреси“, изјави Питер Шар, државниот комесар за заштита на податоци.

Судот побара од владата да ги ревидира тековните одредби на германскиот Закон за телекомуникации најдоцна до 30 јуни, 2013 година.

Извор: ЕДРИ-грам „German Constitutional Court rules on access to personal data“ бр. 10.5, 14 март, 2012.

Comments are closed.