Комуникациите преку интернет интензивно следени од германските разузнавачки служби

Врз основа на два извештаи на Германската парламентарна комисија за контрола (PKG), во 2009 и 2010 година Државниот завод за уставна заштита, Државната разузнавачка служба и Воената служба за контра-разузнавање следеле импресивен број е-пораки и други видови комуникации преку интернет.

Иако германскиот Основен закон ја заштитува приватноста на поштенските и телефонските комуникации, член 10 од Законот остава простор за надзор со исклучокот во случаи на „непосредна опасност за слободниот демократски основен поредок“.

Околу 7 милиони (во 2009) и повеќе од 37 милиони (во 2010 г.) комуникации преку интернет беа проверени според голем број клучни зборови како што се „бомба“, „проектил“ или „нуклеарно“. Меѓутоа и покрај овие големи бројки, се чини дека акцијата не донесе многу резултати, а само 213 случаи доведоа до важни информации.

Во 16 случаи, тајните служби користеа т.н. IMSI-ловци кои служат како уреди за прислушување и се користат за пресретнување комуникации преку мобилни телефони и нивно лоцирање.

Партијата на Зелените и Националната демократска партија побараа строго ограничување на податоците за надзор, како и инспекции и реформирање на разузнавачките служби. „Оваа проста мрежа за ловење според употребата на зборови од типот на „бомба“ е очигледно неефикасна и може да ги изложи сите на надзор“, рече Гизела Пилц, портпарол на Националната демократска партија која исто така изјави дека не само што ова прашање е сомнително во однос на уставот, туку и дека ефикасноста на разузнавачките служби е спорна.

Шефот на парламентарната група на Зелените, Рената Кунаст смета дека безбедноста мора да и служи на слободата, а не обратно и дека „безбедносните агенции мора да го почитуваат начелото за пропорционалност“.

Христијанската демократска унија, од друга страна, бара брзо регулирање на Актот за телекомуникации и ја поздравува неодамнешната одлука на Уставниот суд со која на полицијата и се дозволува пристап до телефонските и компјутерските податоци. Исто така, земени се предвид законските измени кои треба да се воведат за справување со моментално ограничените можности за пристап до ПИН-кодови и идентификација на ИП-адреси.

Извор: ЕДРИ-грам „Internet communications heavily monitored by German intelligence services“ бр. 10.4, 29 февруари, 2012.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *