Македонија: Сè повеќе е-продавници со политики за приватност

Најновиот мониторинг на присутност на политики за приватност кај е-продавниците, спроведен во месец февруари 2012 од тимот на Метаморфозис, укажува на пораст на бројот на е-продавници, како и зголемен процент на политики на приватност во овој сектор.

Истражувањето покажа дека има значителен пораст на бројот на е-продавници, од 57 во јули 2011, на 81 во февруари 2012 година. Во февруари 2012 година, 80% од активните е-продавници имаат објавено политики за приватност, што претставува зголемување за 3% од состојбата во јули 2011 година.

Од мај минатата година, досега, тимот на Метаморфозис одржа 5 презентации во рамките на обуките за отворање е-продавници, организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Презентациите се одржаа како последователна активност на проектот Иницијатива за приватност на Интернет, со цел зголемување на јавната свест за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи.

Овие презентации опфатија запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци, преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот: „Заложба за заштита на приватноста“ и водичот „Како до политика за приватност“. На презентациите присуствуваа вкупно 67 учесници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *