Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 25 февруари, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

Презентацијата опфати запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI)  „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“.

Презентацијата се одржа во просториите на Јес инкубаторот во нас. Аеродром во Скопје, а на неа присуствуваа 7 учесници. Две презентации од овој тип веќе беа одржани во мај и јули, а дополнителни две презентации се одржаа во септември и декември. На истите учествуваа вкупно 60 учесници.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *